Работна посета на Мисајловски на југоисточниот регион

Директорот на ЈП за државни патишта Владо Мисајловски во рамките на денешната посета на југоисточниот регион направи увид во градежните активности во општините Лозово, Радовиш,   Ново Село и струмичкиот регион.

Во општина Лозово заедно со градоначалникот беше направен  увид во реконструкцијата на магистралниот пат Велес – Кадрифаково.

mis_2

Во радовишко директорот Мисајловски направи увид во завршната фаза од изградбата на новиот мост кај Злеово, по што го посети и село Дабиле во струмичкиот регион,  каде по дождовите кои го зафатија пролетва овој регион се појави вода која остануваше на коловозот. ЈП за државни патишта во рамките на своите надлежностиго израмни коловозот и постави нов асфалтен слој во должина од 130 метри.

mis_3

Во општина Ново Село  директорот Мисајловски оствари работна средба со градоначалникот на општината Блаже Велковски. На истата беше разговарано за проектите од областа на патната инфраструктура во општината кои се во надлежност на јавното претпријатие за државни патишта меѓу кои и за претстојната рехабилитацијана регионалниот пат Мокрино- Смолари во должина од 4 километри.

mis_4

Рехабилитацијата  на овој патен правец се очекува да започне  оваа година, а градежните работи да траат шест месеци. Во овој регион  од минатата година отпочната е надградбата на патната делница Струмица – Ново Село – граница со Република Бугарија во должина од 10 километри, проект кој се реализира преку Програмата за одржување на државните патишта во периодот 2014-2017 година. На средбата стана збор и за изградбата на регионалниот пат Старо Коњарево – Ново Коњарево во должина од 4 километри, проект кој во општина Ново Село  ќе отпочне со реализација следната година.