Работнички без предност на реваншот против Хелсинки

Македонскиот фудбалски шампион Работнички ремизираше против финскиот Хелсинки во првиот натпревар од второто квалификациско коло воЛигатана шампионите. Македонскиот и финскиот шампион одиграа без голови 0:0 на Арената „Филип Втори“ по што патникот во третото коло ќе биде одлучен во реваншот на гостински терен на 23 јули.

Финците упатија десет удари кон голот на “романтичарите” од кои шест во рамките на голот на Дамјан Шишковски, наспроти деветте обиди на Работнички, од кои два во рамките на голот на Данецот Михаел Тернес.

„Не успеавме да создадеме предност на првиот натпревар, но и немаме негатива. Поминаа првите 90 минути, по кои одигравме0:0 и им реков на фудбалерите да продолжат да веруваат се додека постојат какви било шанси за пласман во следната рунда. Најмалку мислиме да се предадеме, бидејќи ова не беше нашата најдобра игра поради преимпресионираноста на фудбалерите од фактот дека станува збор за ЛШ. Но, сега имаат претстава за противникот и верувам дека ќе го покажат вистинското лице во реваншот” изјави тренерот Игор Ангеловски.