Работнички и МЗТ Скопје ќе играат за титулата

Кошаркарите на Работнички се пласираа во финалето на плејофот во домашното првенство , откако во мајсторката во „Градски парк” го совладаа тимот на Кожув со 79:66. Емил Рајковиќ успеа да ги врати своите избраници по убедливиот пораз на последниот меч во Гевгелија, Работнички овојпат беше на висина на задачата, доминираше од првата до последната минута и сосема заслужено се најде во големото финале.

Кнежевиќ со 25 поени и 12 скокови беше главна фигура на овој натпревар, Симоновски постигна 12, а Соколов 10 поени за победничкиот тим, додека кај Кожув најпрецизен беше Пековиќ со 19 поени.
Работнички во финалето ќе ги одмери силите со лутиот градски ривал МЗТ Скопје, кој во полуфиналето лесно се справи со Лирија

Финалната серија меѓу МЗТ Скопје и Работнички ќе стартува со меч во СЦ „Борис Трајковски“ во вторник, па интересно ќе биде да се види дали „металците“ ќе ја освојат третата титула по ред, или пак Работнички ќе дојде до првиот трофеј по 2009 година, што би бил вкупно 15 во историјата на клубот.