Работнички исфрлен во Третата лига, МЗТ го доби дербито

Поради самоволно напуштање на теренот најтрфојениот македонски кошаркарски клуб е исфрлен во најнизок ранг на натпреварување, односно во Третата лига, а МЗТ Скопје Аеродром го доби дербито со службен резултат 20-0, иако по неполни три четвртини на паркетот губеше со 51-35. Ова е главната одлука на комесарот за натпревари при МКФ, по скандалозниот прекин на мечот во „Градски парк“.

Комесарот за натпреварување при МКФ, Бобан Јосифовски, на денешната седница на Здружението на прволигаши ги изрече казните за натпреварот помеѓу КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром, кој се играше на 5 ноември 2014 година. Тие се веќе објавени на сајтот на МКФ, а најтрофејниот клуб Работнички е исфрлен во Третата лига.

Претставникот на КК Работнички најави дека клубот ќе достави жалба до Арбитражната комисија на МКФ, за одлуката на Комесарот. Истовремено, клубовите членки на Здружението на прволигаши едногласно се произнесоа дека не се за исфрлање на Работнички во Третата лига и побараа нивниот став да се достави до Арбитражната комисија на МКФ.