Работнички ја забележа првата победа во новата сезона

Шампионот Работнички ја забележа првата победа во новата сезона од Македонското фудбалско првенство. „Романтичарите“ синоќа во Скопје го совладаа Тетекс со 3:1.

Стрелци на погодоците за домаќините беа Марјан Алтипармаковски (16. и 70.минута) и Александар Милушев (82), а за Тетекс погоди Да Силва во 81. минута.

Двојките за денешните четири дуели со кои ќе се комплетира 3.коло се: Брегалница – Вардар, Пелистер – Металург, Шкендија – Турново и Силекс – Ренова.

Почетокот на сите натпревари е во 17 часот и 30 минути.

Табела: Вардар 6 бодови, Металург 4, Силекс 4, Ренова 4, Брегалница 3, Пелистер 3, Работнички 3, Шкендија 3, Тетекс 1 и Турново 0.