Спорт

Работнички лесно се справи со Фени

Работнички лесно се справи со Фени

Кошаркарите на Работнички убедливо го добиј дерби натпреварот во 13-тото коло од Првата лига, против Фени Индустри, совладувајќи го со 94:72. За  најтрофејниот кошаркарски клуб ова беше десетти триумф од 11. натпревари сезонава и е втор на табелата.

Меѓу петтемина со двоцифрен број поени во тимот од Градски парк најефикасен беше Владимир Брчков со 22, Горан Икониќ забележа 20, а по 14 запишаа Дарко Соколов и Душан Кнежевиќ, кој додаде и седум скока. Најдобар поединец на средбата, пак, беше Игор Бјелиќ од Фени со 28 поени (13/14 од игра).