Работнички му се одмазди на Куманово

Кошаркарите на Работнички на најдобар можен начин му се реваншираше на Куманово за поразот во четвртфиналето од Купот на Македонија, славејќи на гостувањето против големиот ривал во рамките од Прватакошаркарскалига со 67:62.

Како пресудна се покажа третата четвртина што гостите од Скопје ја добија со 20:12со што си обезбедија двоцифрена предност во последниот период од мечот. Кумановци успеаја да го изедначат резултатот во последниот период на61:61. Но, Работнички одново влезе во ритам кога беше најдобро, во преостанатиот тек од мечот прими само еден поен, па благодарение на одличната одбрана стигна до нови бодови.

Икониќ со 24 поени беше најефикасен кај Работнички, пред Брчков со 12 и Красиќ со 10 поени. Кај Куманово најефикасен беше Мандиќ со 21 поени.

Фени индустри во премиерниот натпревар во 2014 година славеше над Вардар со 81:71, додека Лирија очекувано забележа победа над младинската селекција на Македонија од 102:69.