Работнички му врати на МЗТ Скопје и израмни на 1:1 во победи

Кошаркарите на Работнички славеа на вториот натпревар против МЗТ Скопје во финалната серија од плејофот во домашното првенство. Избраниците на тренерот Емил Рајковиќ, во СЦ “Борис Трајковски” триумфираа со 89:82 и израмнија на 1:1 во победи.

Најтрофејниот македонски клуб му го нанесе првиот пораз на тимот од Аеродром сезонава во домашното првенство. “Металците” последен пат во домашното првенство загубија минатата година од Кожув во Гевгелија.

Избраниците на Зоран Мартич, имаа голема предност на полувремето од 14 поени (45:31), но Работнички успеа да се врати во натпреваеот во третата четвртина, додека во последнта на неколку пати имаше предност и од девет поени разлика.

Дарко Соколов со 21 поен и шест асистенции беше најдобар поединец во победничкиот тим , додека кај МЗТ Скопје најмногу се истакна Дамјан Стојановски со 21 поен.

Третиот натпревар на програмата е в недела , а домаќин е МЗТ Скопје.