Работнички на мегдан со ХЈК Хелсинки

Актуелниот шампион на Македонија, Работнички, за противник во второт квалификациско коло од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, го доби најдоброто од Финска, тимот на ХЈК Хелсинки.

Актуелниот шампион на Финска има освоено 26 титули во домашниот шампионат, а , а моментално најголеми ѕвезди во првиот тим се поранешните фудбалер на Челзи и Њујорк Ред Бул, Микаел Форсел и Тему Таинио.

Првиот натпревар ќе биде одигран на 15/16 јули на националната арена “Филип Втори” во Скопје, а реванш дуелот ќе биде одигран на 22 или 23 јули во главниот град на Финска.