Работнички најблиску до зацртаната цел

Денешните реванш полуфинални натпревари ќе дадат одиговор на прашањето кои две екипи ќе бидат дел од финалниот натпревар во Купот на Македонија.

Најблиску до зацртаната цел се фудбалерите на Работнички кои реванш дуелот во Штип, против екипата на Брегалница го стартуваат со предност од два гола.

Далеку понеизвесно ќе биде на „Железарница”, каде фудбалерите на Металург ќе се обидат да ја оправдаат фаворитската улога во дуелот против актуелниот бранител на тронот, второлигашот Тетекс.
Првиот дуел во Тетово заврши и без победник и без погодоци.