Работнички нов шампион на Македонија

Фудбалерите на Работнички и официјално ја освоија новата шампионска титула, четврта во клупската историја, откако сосема очекувано ја оправдаа фаворитската улога во првенствениот натпревар од 32. коло и многу полесно од очекуваното забележаа сигурен триумф во дуелот со гостинскиот тим на Еуромилк.

Најзаслужен за освоените три бода, но и за шампионското славје е искусниот напаѓач, Борче Маневски кој беше вистински кошмар за противничките дефанзивци, а маестралната парија ја крусниса со нови два погодока.

Голем удел во новата титула на Работнички има и градскиот ривал Вардар кој најпосле одигра како што треба и сосема заслужено со 2:1 го победи најголемиот ривал на “романтичарите” во борбата за шампионската титула, тимот на Хоризонт од Турново.

Резултати: РАБОТНИЧКИ – ЕУРОМИЛК ГЛ 2:0, ВАРДАР – Х. ТУРНОВО 2:1, МЕТАЛУРГ – ШКЕНДИЈА 1:2, РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 4:2, ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА 1:1, ГОСТИВАР – НАПРЕДОК 2:3.
Табела: Работнички 62, Турново 57, Металург 56, Вардар 55, Шкендија 54, Пелистер 52, Брегалница 43, Ренова 43, Еуромилк ГЛ 38, Македонија ЃП 32, Напредок 17, Гостивар 14.