Работнички обезбеди место во плејофот

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички триумфираше над Кожув во последното коло од Суперлигата со 69:66 и се пласира во плејофот.

Работнички овој натпревар го играше без суспендираниот Дарко Соколов, а уште во првата четвртина остана и без услугите на Марко Симоновски, кој го повреди скочниот зглоб.

Ова беше причина избраниците на Емил Рајковиќ да постигнат само 10 поени во првите десет минути. Сепак, во вториот период домаќините се пронајдоа себеси, проработе и шутот и на полувреме заминаа со предност од 31:24.
Работнички имаше водство од 67:52, на нешто помалку од четири минути до крајот на средбата. Но, Кожув направи серија од 11:0 и се избори за неизвесна завршница во која домаќините ја однесоа победата. Најефикасен во домашниот тим беше Горан Икониќ со 22 поени, додека кај Кожув се истакна Игор Мијајловиќ со 20 уфрлени кошеви.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.