Спорт

Работнички одигра уште еден херојски натпревар – и со играч помалку остана непоразен

Работнички одигра уште еден херојски натпревар – и со играч помалку остана непоразен
Херојско реми на "романтичарите", изборено со играч помалку

Работнички не се предаде ниту кога остана со играч помалку, од 54-та минута кога Милован Петровиќ заработи втор жолт картон и беше исклучен, но и кога Рубин Казан поведе во 69-та минута.

Турскиот интернационалец Чокдениз Карадениз во 69-та минута донесе водство за рускиот клуб, но Кире Ристевски во 85-та минута го израмни резултатот. Ако се знае дека рускиот тим имаше играч повеќе на теренот повеќе од половина час, ова е уште еден одличен резултат за “романтичарите”. И секако дава надеж за реваншот во Русија.

90 минути го делат Работнички од пласман во групната фаза на Лига Европа
90 минути го делат Работнички од пласман во групната фаза на Лига Европа

Национална арена “Филип втори”. Гледачи: 15.000. Судија: Иштван Вад (Унгарија). Делегат: Мирослав Рижка (Полска). Стрелци: Ристевски 85’ (Работнички), Карадениз 69’ (Рубин Казан). Жолти картони: Петровиќ, Анене (Работнички), Камболов, Кузмин, Батов, Кисљак (Рубин Казан). Црвен картон: Петровиќ (Рубин Казан).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски (90’ Шишковски), Силјановски, Илиевски, Ристевски, Цикарски, Петровиќ, Вујчиќ, Јовановски (70’ Ристовски), Маркоски, Анене (86’ Најдовски), Алтипармаковски.

РУБИН КАЗАН: Рижиков, Кузмин, Кверквела,Котуњо, Ождоев, Камболов, Кануников, Карадениз (72’ Батов), Георгиев, Едуардо, Билјалетдинов (59’ Портниагин).