Спорт

Работнички останува во прва лига

Работнички останува во прва лига

Комесарот за натпревари Бобан Јосифовски донесе одлука кошаркарскиот клуб Работнички да остане во Првата лига, а не да биде исклучен и префрлен во најнизок ранг.

Одлуката е донесена по сугестиите од Арбитражната комисија на МКФ и добиените дополнителни изјави од сите службени лица, од актерите (играчи и тренери) на натпреварот од двата тима, како и од изјавите дадени во медиумите веднаш по прекинот на натпреварот меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродорм.

Работнички прекинатиот натпревар со „големиот ривал“ го губи со службен резултат 20:0 и не добива еден бод како поразен тим. Притоа поради пропустите во огранизацијата и недоличното навивање Работнички е казнет парично со 42.000 денари, а ривалот МЗТ Скопје заради фрлање на предмети на своите навивачи е казнет со вкупна казна од 34.000 денари.

Делегатот на натпреварот Блаже Поповски е казнет со четири натпревари во темпо на делегирање.

Суспендирани се: Марин Докузовски (тренер на КК Работнички), Марјан Србиновски (помошен тренер на КК Работнички) и Горан Геровски (претседател на КК Работнички), кои дополнително ќе бидат казнети од Дисциплинската комисија.

Незадоволната страна има право на жалба до Арбитражната комисија при МКФ во рок од 24 часа од доставувањето на одлуката.