Работнички подготвен за дербито со МЗТ Скопје

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички е подготвен за утрешниот дерби дуел (17.30 ч) во СЦ “Борис Трајковски” во Суперлигата со актуелниот шампион МЗТ Скопје – Аеродром. Тимот од Градски Парк, ќе се обиде да го совлада шампионот и да прдолжи со одличните резултати сезонава во која претрпе само еден пораз во досегашниот тек од Првата кошаркарска лига

„Ова е натпревар кој буди многу страсти, во кој ние се повикуваме на историјата, бидејќи имавме многу убави моменти за нашиот клуб во ваквите дуели. Но, сега МЗТ Скопје е голем фаворит. Противникот игра во силен натпреварувачки ритам со сериозни екипи во АБА-лигата, а згора на тоа не пречекува на домашен терен. Но, моите кошАркарти ќе го остават срцето на терен за да стигнеме до посакуваната победа. Дефиницијата за успех е секогаш кога ќе стапнеш на паркетот да го дадеш најдоброто од себе“, изјави тренерот на Работнички, Емил Рајковиќ.