Работнички подобар од Куманово во меч во кој се делеа и боксови

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички го доби тензичниот и по малку чуден натпревар со Куманово, совладувајќи го на домашен терен со 90:70 во рамките од осмото коло од Суперлигата.

Сепак, овој меч нема да биде запаметен по играта, ниту пак по резултатот, туку по големите инциденти што се случија на стартот од второто полувреме. При убедлива предност на Работнички во 23. минута од натпреварот дојде до тепачка во која се вклучија скоро сите кошаркари од двата тима. Мечот беше во прекин едн час, а судиите во меѓувреме одлучија да исклучат по осум кошаркари од двата тима. Преостанатите 14 минути се играше четири на четири, со Кнежевиќ, Симоновски, Мираковски и Брчков во Работнички и Димчевски, Врањеш, Мишковиќ и Мандиќ во Куманово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.