Работнички подобар од Лирија, МЗТ Скопје пресилен за Струмица

Најтрофејниот македноски кошаркарски клуб Работнички ја совлада Лирија со 84:77 пред своите навивачи во салата „Градски парк“ во четвртото коло од Суперлигата, а клучната предност ја стекнаа уште во првата четвртина, која ја добија со 27:15.

Со овој триумф избраниците на тренерот Емил Рајковиќ се израмнија со Лирија на третата позиција на табелата
Лидер во Суперлигара е бранителот на титулата МЗТ Скопје – Аеродром, кој и во четвртитот настап забележа победа, овој пат над Струмица со 96:72.

Во третиот натпревар Кожув го совлада Куманово со 83:79. Кожув е втор на табелата со скор 3:1, а Куманово е четврти со скор 1:3.