Работнички подобар од Струмица

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички триумфираше во последното коло во регуларниот дел од Првата лига. Работнички на гостиславеше над Струмица со75:71 и го потврди првото место на табелата по регуларниот дел од сезоната.

Најефикасен на натпреваротвопобедничкиоттим беше Душан Кнежевиќ со 26 поени, додека Горан Икониќ забележа 18 поени. Во поразената екипа најефикасен беше Александар Мареља со 22 поени на кои додаде и 11 скока за дабл-дабл учинок.

До крајот на регуларниот дел треба да се одиграат уште два натпревари кои се закажани заденеска, а во кои се среќаваат, Карпош Соколи – Пелистер и младинска репрезентација – Вардар Апаве.