Работнички посилен за Александар Митровиќ

Тимот на Работнички се засили пред дербито со МЗТ Скопје, откако во своите редови го доведе 24-годишниот српски интернационалец Александар Митровиќ.

Тој одреден период беше на проба во клубот од “Градски Парк”, а откако ги задоволи вкусовите на раководството, стави потпис на договорот со Работнички.

Инаку Митровиќ има настапувано за Мега Лекс, Партизан, Будуќност, Металац, Перистери, Вршац и словенечки Златорог, своето деби ќе го има утре и тоа на дербито со МЗТ Скопје кое се игра во СЦ “Јане Сандански” од 18 часот и 30 минути.