Работнички се збогува со Европа

Второто квалификациско коло од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони се покажа како непремостлива преча за актуелниот шампион на Македонија, тимот на Работнички.

Иако дадоа се од себе, особено во вторите 45 минути, избраниците на Игор Ангеловски доживеаа минимален пораз од 2:1 во реванш дуелот против шампионот на Финска, тимот на Хелсинки.
Првиот дуел во Скопје заврши без погодоци, а вината за елиминацијата, нашиот претставник може да ја побара во очајнта игра во првите 45 минути.
Домаќинот дојде до посакуваното водство во 22 минута, со погодокот на Робин Лод, а само четири минути подоцна во листата на стрелците се запиша и Валтери Морен.
Почесниот погодок за Работнички, постигнат на стартот од второто полувреме беше дело на искусниот играч за врска, Стефан Вујчиќ.
Со сигурниот триумф од 2:0 во реванш дуелот против преставникот на БиХ, Зрински, пласман во следното коло обезбеди шампионот на Словенија, тимот на Марибор, а вториот погодок на натпреварот беше дело на репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими, кој успешно го изведе ударот од белата точка.
Резултати: Актобе – Динамо Т.3:0 (вкупно 4:0), Вентспилс – Малме 0:1 (0:1), Хелсинки – Работнички 2:1 (2:1), Стеауа – Стромгодсет 2:0 (3:0), Марибор – Зринјски 2:0 (2:0), Сент Патрик – Легија 0:5 (1:6).

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.