Спорт

Работнички в сабота домаќин на Вардар

Работнички в сабота домаќин на Вардар

Фудбалската федерација на Македонија потврди дека најинтересниот натпревар од 22. коло во македонската Прва фудбалска лига, соседското дерби помеѓу екипите на Работнички и Вардар ќе се одигра в сабота, со почеток во 14:00 часот на националната арена „Филип Втори”.

Работнички сите свои натпревари кои ги игра на домашен терен ги игра во саботниот термин, па оттаму и одлуката соседското дерби да се игра како премиерен натпревар од новото 22. коло во Првата МФЛ.

Преостанатите натпревари ќе се одиграат в недела со почеток во 14 часот, а фудбалските фанови ќе уживаат во дуелите: Пелистер – Македонија ЃП, Напредок – Еуромилк, Шкендија – Ренова, Гостивар – Хоризонт Т., Металург – Брегалница.