Работници на ЕВН вршеле прекопи, пронашле череп

На 02.12.2014 година во 09,10 часот во ПС Виница лице од с.Зрновци – СО Зрновци, вработен во ЕВН Македонија, пријавил дека на 01.12.2014 година околу 14,00 часот во Виница на ул. „Браќа Миладинови“, пред влезот на градскиот парк, лице вработено во фирмата која вршела ископ за поставување на фундамент за столб за потребите на ЕВН – Македонија, пронашол човечки череп.

Извршен е увид на местото на настанот, се работи на расчистување на случајот.