Работници повредени при отстранување дефект

Двајца работници биле повредени вчера во „ИГМ“ Трејд од Кавадарци, откако извршувале активности за отстранување дефект.

Едниот се здобил со тешки телесни повреди. Тие биле пренесени во кавадаречката болница, каде биле задржани на лекување, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Околу 10.30 часот, двете лица од Кавадарци, Г.С.(42) и М.М.(40), при извршување редовни активности за отстранување на дефект во фабриката, биле качени на изработена корпа подигната од вилушкар. При спуштањето, на висина од околу 1,5 метри, истата се заглавила. Тогаш двајцата паднале и ги добиле повредите, соопшти Додевски.

Увид на местото на настанот извршиле екипа од полициска станица од општа надлежност Кавадарци и трудов инспектор.