Работнички е единствената надеж на македонскиот фудбал во Европа

Работнички ја совлада Јелгава со 2:0 и обезбеди пласман во 3-то коло од Лига Европа

На идентичен начин како со Флора, по поразот од 1:0 на гости, „романтичарите“ на националната арена „Филип Втори“ ја совладаа Јелгава со 2:0, со што обезбедија двомеч со турскиот гигант Трабзон.

Стрелци на головите за Работнички беа Илијовски во 6-тата минута по асистенција на Цикарски и Сахити во 17-тата минута по соло акција.

rabotnicki 2
Фудбалерите на Работнички го слават вториот погодок на Сахити

Инаку натпреварот се одигра пред само 2.000 гледачи, но се очекува оваа бројка значително да се зголеми веќе на следниот дуел кога во Скопје ќе гостува Трабзон, тим кој изобилува со проверени „ѕвезди“, што ќе биде и одлична можност за Работнички вистински да ги провери своите квалитети.

Првиот натпревар ќе се одигра на 30 јули во Скопје, на националната арена „Филип Втори“, додека реваншот е седум дена подоцна.