Спорт

Работнички и Шкендија го играат дербито на колото

Работнички и Шкендија го играат дербито на колото
Работнички и Шкендија го играат дербито на колото

Дербито на седмото коло на Првата фудбалска лига го играат Работнички и Шкендија. По добрите настапи на европската сцена Работнички забележа неколку слаби резултати во домашната лига и само се победа над директниот ривал за висок пласман ќе се врати при врвот на табелата.

Гостите од Тетово посакуваат победа за продолжување на серијата успешни настапи. Натпреварот се игра на стадионот во Ѓорче Петров. Почетокот е во 15:30 часот.

Во истиот термин се играат и дуелите: Ренова – Вардар, Силекс – Шкупи и Хоризонт Турново – Металург.

Вчера Младост Царев Двор ја победи Брегалница на гости со 3:2.

Табела: Вардар 16 бодови, Шкендија 15, Младост ЦД 12, Силекс 10, Шкупи 8, Работнички 7, Брегалница 6, Хоризонт Турново 5, Ренова 4, Металург 1.