Работнички поведе во финалната серија против МЗТ Скопје

Кошаркарите на Работнички го искористија домашниот терен и успеаја во неделата да поведе во финалната серија од кошаркарскиот плеј-оф.

МЗТ Скопје подобро го започна дуелот во „Градски парк“ и водеше со седум разлика во првата четврина, но Работнички до полувремето воспостави резултатска рамнотежа и на пауза се замина со 42:42.

Кошаркарите од Аеродром и второто полувреме го започнаа подобро и постојано до последната четвртина има предност, но повторно Работнички се врати во игра, за до крајот да победи со резултат 86:77.

Бугарскиот интернационалец Чавдар Костов беше повторно централна фигура во дресот на Работнички, тој запиша 21 поен, додека кај Металците најефикасен беше Дамјан Стојановски со 18 поени.

Вториот меч од серијата во финале се игра на 23 мај на теренот на МЗТ Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.