Работник од „Сивец“ починал откако врз него паднала мермерна плоча

Работник од рудникот „Сивец“ вчера починал од повредите здобиени кога врз него паднала мермерна плоча и го потиснала.

Полицијата соопшти дека вчера околу 10:30 часот во близина на рудникот „Сивец“, во атарот на селото Присад-Рудник, врз К.П. (48) од Прилеп, вработен во рудникот, паднала една мермерна плоча и го потиснала. Несреќата се случила при сечење на мермерни плочи.

Колеги на К.П. ја тргнале мермерната плоча од повредениот по што тој бил префрлен во Градската болница во Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди во пределот на телото. Поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде починал.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа ПС-Прилеп во присуство на трудов инспектор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.