Работник од Тетово паднал од балкон, итно префрлен на Ургентен

Ш.И. (47) од Тетово денеска се здобил со тешки повреди на главата и скршени вратни пршлени по пад од висина од околу четири метри додека работел на балкон на објект во изградба на улицата „146“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Според Јосифоски, повредениот во бесознание и со здобиените тешки повреди околу 10:10 часот бил донесен во Клиничката болница во Тетово од каде по укажаната лекарска помош останал во бесвесна состојба и како итен случај бил испратен на скопските клиники.

Полицијата изврши увид на местото од инцидентот, каде утврди дека Ш.И. работел заедно со уште едно друго лице од Требош на објектот кога од засега неутврдени причини загубил рамнотежа и паднал на земја од висина од околу четири метри. Се работи на утврдување на околностите како и зошто Ш.И. паднал и се здобил со сериозните повреди, изјави Јосифоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.