Работник падна од 8-ми кат, починал на лице место

Денеска околу 14 часот во скопската населба Аеродром на улицата Пандил Шишков во близина на поликлиниката Јане Сандански почина работник кој извршувал градежни работи.

Од СВР Скопје за НетПрес ја потврдуват информацијата и додаваат дека се работи за Иле Ѓ. 36 годишен градежен работник кој работел на изградба на зграда. Оттаму додаваат дека од страна на полицијата е извршен увид и телото е додадено на обдукција. Полицијата по настанот ја информирала и Трудовата инспекција која треба да утврди дали, сега починатиот Иле Ѓ. ја поседувал потребната заштитна опрема.