Работник почина по пад од скеле

Шеесетгодишен Кумановец починал како последица на пад од скеле во село Чојлија-скопско, соопшти денеска полицијата.

Загинатиот идентификуван со иницијалите Л.Д. (60) од Куманово, паднал од скелето каде што работел во скопското село Чојлија по што бил пренесен во Градската општа болница „Наум Охридски“ во Скопје.

Таму лекарите констатирале тешки телесни повреди и тоа фрактура на череп, отворени фрактури на двете нозе, скршени ребра и пршлени. Во 19,30 часот во петокот, како последица од здобиените повреди, Л.Д. починал.

По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, соопшти полицијата.