Работник во животна опасност по пад од скеле во центарот на Скопје

Градежен работник е во животна опасност откако вчера паднал од скеле од објект во изградба на улицата „Рузвелтова“ во Скопје.

Полицијата соопшти дека вчера во 15:26 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од Ургентниот центар Скопје било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето А.Ј. (47) од Скопје, вработен во фирмата „Тримина“.

А.Ј. се наоѓа во кома центар на КАРИЛ, не е контактибилен и се наоѓа во животна опасност, посочуваат од МВР.