Работник загина чистејќи снежни наноси на патот Маврово-Галичник

Четириесет и петгодишниот Горан Т. почина вчера откако беше прегазен од работна машина додека расчистувал снежни наноси на патот Маврово-Галичник кај местото викано „Царевец“.

На местото на настанот е извршен увид, а по наредба на Јавен oбвинител телото на починатиот е пренесено во Медицинскиот центар во Гостивар за обдукција.