Рации во Истанбул, се трага по џихадисти на ИД

Полицијата спровела повеќе рации во Истанбул и е во потрага по осомничени членови на терористичката Исламска Држава, за која што властите веруваат дека е одговорна за нападите на аеродромот „Ататурк“.

Агенцијата „Анадолија“ наведува дека се извршени претреси на повеќе адреси во три градски населби, но дека засега нема информации дали некој е уапсен.

Исто така не е јасно дали оваа акција на полицијата е поврзана со нападот на аеродромот.

Претходно, турските медиуми јавуваа дека безбедносните сили на границата со Сирија убиле двајца осомничени членови на Исламска држава.

Турската НТВ наведува дека еден од убиените се барал во Турција поради сомнение дека планирал самоубиствени напади во Анкара или Адана, град на југот на земјата.