Рачна бомба кашикара оставена пред гаража на скопјанец

кашикара

Како што соопшти МВР, вчера околу 10 часот е пријавено во полицијата дека на ул.„Париска Комуна“ пред влезната врата од гаражата од куќа сопственост на П.Ј.(63) била пронајдена рачна бомба-кашикара, а близу до оградата бил пронајден и осигурувачот.

На местото на настанот бил извршен увид и известен е Одделот за антитероризам. Се работи на целосно расчистување на случајот.