Рачна граната фрлена во дворот на Уставниот суд во Приштина

Во дворот на косовскиот Уставен суд во центарот на Приштина денеска била фрлена рачна граната која е уништена со контролирана експлозија, јавија западни медиуми.

Уставниот суд кој е близу зградата на Владата е под полициски надзор. На местото на инцидентот се и лица задолжени за деактивирање експлозивни направи. Според полициски извор, се пребарува реонот за можни други експлозивни направи, пренесува МИА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.