Радаритe го пребараа мапираното дно на океанот, од авионот ни трага. Што понатаму?

Радарите пребараа 95 отсто од подрачјето на Индискиот океан за кој постои сомнеж дека падна авионот на исчезнатиот малезиски авион на летот МХ370. Официјалните лица се обидуваат да осмислат нов начин за потрагата да продолжи, додека многумина сметаат дека веројатно ќе поминат години пред авионот да се најде.

Потрагата за исчезнатиот малезиски авион ќе се оддолжи на повеќе години, изјави висок америкаснки службеник.

Подводната потрага на западното подрачје на Австралија не даде никакви резултати, пренесува Ројтерс.Потрагата по мистериозно исчезнатиот авион е влезена во многу потешка фаза на пребарување на широкото подрачје на океанот.

„Ние се сконцентриравме на мало подрачје и не најдовме ништп. Сега мораме да се вратиме на големо подрачје за кое ќе бидат потребни години,“ изјавил висок американски претставник на безбедносните сили.

Но Малезија мора да одлучи како ќе продолжи со потрагата како и дали ќе се вклучат уште подморници роботи.

Авионот кој со 239 патници леташе од Куала Лумпу до Пекинг на 8 март мистериозно исчезна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.