Спорт

Радичевиќ: Ова не беше ниту „В“ од Вардар

Радичевиќ: Ова не беше ниту „В“ од Вардар
Радичевиќ: Ова не беше ниту „В“ од Вардар

Ракометарките на Вардар го претрпеа првиот пораз во Лигата на шампионите на домашен терен, откако претходните неколку сезони имаа неколку нерешни резултати пред својата публика. Разочарувањето во таборот на „црвено-црните“ беше големо.

На прес конференцијата тренерот Индира Кастратовиќ рече Ѓер на овој натпревар покажаа како се игра тимски, што ние не можевме.

– Не одигравме ништо од тоа што се договоривме. Се надевам дека ова е само еден лош ден. Не одигравме ништо од договореното. Нема оправдување за денешниот натпревар. Дојде и публиката, едноставно нема оправдување. Сега треба да се подобриме, рече Кастатовиќ.

Јованка Радичевиќ со доза на самокритичност на пресот истакна дека работите не одеа ниту од почетокот како што посакувавме.

–  Ова не беше ниту В од Вардар. Имаше и конфузија и не можевме да се вратиме. Нема оправдување. Сега треба да се подготвиме за следниот дуел, истакна Радичевиќ.

Следниот натпревар ЖРК Вардар го игра на гости кај екипата на Хипо.