Радијацијата од Фукушима се прошири до американскиот брег

Радијацијата од хаваријата во јапонската нуклеарна централа „ Фукушима “ во 2011 година, се прошири до западниот брег на Северна Америка, но нивото на загаденост се уште е на ниско ниво и не ги загрозува луѓето или живиот свет во Тихиот Океан, соопштија американски научници.

– По испитувањето на повеќе од стотина примероци од водата во Пацификот, потврдено е дека јапонската нуклеарка продолжува да испушта радиоактивни изотопи и четири години по хаваријата, изјави Кен Бушелер, морски радиохемичар од Океанографскиот институт „Вудс Хол“, пренесува МИА.

Во последните месеци се откриени траги на цезиум-134 на неколку стотини километри од брегот на американските сојузни држави Орегон, Вашингтон и Калифорнија, како и во близината на островот Ванкувер.

Остатоци од изотопот цезиум-137, радиоактивни остатоци од пробите на нуклеарно оружје спроведувани од 1950 до 1970 година, се пронајден во мали количества во речиси секој примерок од окенаската вода што ја тестирал „Вудс Хол“.

Во март 2011 година катастрофален земјотрес предизвика цунами, кое ја погоди нуклеарната централа „ Фукушима “, што се наоѓа 209 километри североисточно од Токио, оштетувајќи неколку реактори, што предузвика радиоактивно зрачење, поради што беа еавкуиранаи околу 160.000 луѓе од околните градови.

Тоа беше најголемата нуклеарна катастрофа во светот по онаа во Чернобил во 1986 година.

Најновите мерења потврдија дека досега највисоко ниво на радиација во водите на Пацификот е измерено на оддалеченост од 2.574 километри западно од Сан Франциско.