Радикални салафисти започнаа легална кампања во Германија

Припадници на радикална салафистичка организација започнаа кампања за промоција на ова муслиманско толкување на Куранот, со дистрибуција на бесплатни биографии на пророкот Мухамед во неколку германски градови, јави дописникот на МИА од Берлин.

Весникот „Ди Цајт“ во свието денешно издание неведува дека дистрибуцијата започнала минатиот викенд во Келн, Мунстер и Изерлох.

Биографиите на пророкот Мухамед во пешачки зони во овие градови биле дистрибуирани бесплатно од членови на организацијата „Ние го сакаме Мухамед“, која оваа година организираше бесплатна дистрибуција на 3,5 милиони преведени копии на муслиманската света книга Куран во 15 земји, меѓу кои и Германија, Франција, Велика Британија, Шведска, Австрија и Бразил.

Германските власти кон средината на ноември ја забранија радикалната исламистичка организација „Вистинска религија“, откако во 10 покраини и 60 градови беа претресени 190 џамии, канцеларии и апартманти поврзани со групата. Оваа група беше забранета поради нејзините активности кои вклучувале испраќање на борци во редовите на групата Исламска држава (ИД).

Зборувајќи за акцијата против „Вистинска религија“ минатата недела минситерот за внатрешни работи на Германија Томас Де Мезиер најави дека ќе биде забранета секоја организација што на кој било начин е поврзана со забранетата група која има над 600 членови во земјата.

Во Германија не е забранета дистрибиција на верски материјали во кои спаѓа Куранот, но според Де Мезиер забрана ќе има само за злоупотреба на религијата за пропагирање екстремистички идеологии и поддршка на терористички организации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.