Радикалните исламисти во белгиjските затвори ќе бидат изолиран

Белгиските власти имаат намера да ги изолираат затворениците за кои постојат проценки дека може да влијаат врз други затвореници да прифатат исламистички екстремизам, објави МИА.

Тоа е соопштено откако се зголеммија стравувањата дека затворите се погодно место за врбување џихадисти.

Министерот за правда Коен Генс вели дека таквите затвореници до крајот на годината ќе бидат сместени во посебни делови од затворите во градовите Итр и Бриж.

Затворите ќе ангажираат и експерти и муслимански персонал во обид да редуцираат луѓе кои веќе се радикализирани или имаат намера тоа да станат. Белгиските власти во јануари разбија исламмистичка келија која планирала напади врз полицијата на јавни места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.