Радиоактивен дрон во знак на протест

Јапонец е уапсен откако спуштил дрон со минимално количество на радијација врз кабинетот на премиерот Шинѕо Абе во знак на протест поради користењето на нуклеарна енергија, четири години по нуклеарната катастрофа.

Дронот го испратил невработениот Јасуо Јамамато (40), кој живее во областа Фукуи, западна Јапонија, а уапсен е под обвинение попречување на државните работи. За таквото дело предвидена е казна затвор од три години или 500.000 јени (4.200 долари), пренесува МИА.

Јамамото сам се предал во полициската станица во Фукуи. Полицијата во Токио одби да ги коментира мотивите на Јамамото со образложение дека се уште не е завршена истрагата.

Радиоактивниот дрон е пронајден во средата на покривот на кабинетот на Абе, а радијацијата била ниска и неопасна за луѓето. Според Јамамото во беспилотното летало имало контејнер со радиоактивен песок од Фукушима.