Радиохирургијата успешна во лекување на рак на простата во 98 отсто случаи

Стереотактичката радиотерапија (радиохирургија) покажува најдобри резултати во петгодишното преживување на пациентите со рак на простата, во споредба со хируршките зафати и зрачењето, според истражувањето на научниците од Медицинскиот центар на Универзитетот Texas Southwestern, објавено во European Journal of Cancer.

Оваа терапија базирана врз насочување на многу високи дози на зрачење во центарот на туморот покажува успешност во 98 отсто од случаите.

Високата стапка на излекување е зачудувачка кога во истиот временски период се споредува со хирургијата или конвенционалното зрачење, кои покажале пониска стапка на петгодишно преживување кај пациентите, која е помеѓу 80 и 90 проценти. Сега на располагање имаме посилна и поефикасна форма на неинвазивен третман на рак на простата за кој се потребни пет третмани, вели д-р Ракибул Ханан, професор по радиоонкологија и главен автор на ова истражување.

Лекарите пет години следеле 91 пациент со рак на простата во првата или втората фаза. И несаканите ефекти по радиохирургијата се помалку отколку со конвенционалниот третман, па така проблеми со ерекцијата  биле пријавени кај 25 проценти од пациентите во оваа студија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.