Македонија

Радишани, Бутел и Шуто Оризари денеска без вода

Радишани, Бутел и Шуто Оризари денеска без вода

Поради дефект на водоводната мрежа, јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека без вода околу 13 часот останале жителите од населбите Радишани, Бутел и Шуто Оризари, кои живеат во близина на Полициската станица Бутел.

Од претпријатието соопштуваат дека овие три населби нема да имаат вода се до санирање на дефектот.