Радишани денеска без вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека поради промена на шибер затварачи денеска без вода ќе останат дел од жителите на Радишани во општина Бутел.

Промената ќе се прави на улицата 18 бб во село Радишани, како и корисниците од краците на истоимената улица.

Корисниците без вода останале во 9 часот, па се до промената на завтарачите.