Радишани денеска без вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека поради изведување на водоводен приклучок профил Ф-80 милиметри на улица 18 во населба Радишани, без водоснабдување ќе останат корисниците од ул.18 до ул.40 од 11:30 часот па се до изведување на приклучокот.