Спорт

Радојчиќ, поранешниот играч на Куманово и МЗТ Скопје шверцувал дрога во стомакот

Радојчиќ, поранешниот играч на Куманово и МЗТ Скопје шверцувал дрога во стомакот

Српскиот кошаркар, Никола Радојичиќ, кој има настапувано за нашите МЗТ Скопје и Куманово, се најде во центарот на вниманието кај медиумитe. Радојичиќ, кој е со богата интернационална кариера, е уапсен во Перу на аеродром, поради обид за шверц на дрога, информираат тамошните медиуми.

Радојичиќ, заедно со уште еден свој пријател се обидел од Перу, преку Холандија, да ја прошверцува дрогата во својата татковина Србија. Проблемот настанал откако кошаркарот се пожалил на силни болки во стомакот во кој му биле откриени 23 капсули со дрога. Под полициско обезбедување, Радојичиќ, и пријателот кај кого исто така биле пронајдена наркотични средства, биле пренесени во болница, каде што и се извадени капсулите со дрога. Количината која што ја поседувале, на пазарот може да достигне и до 150.000 евра. Според перуанските медиуми, Радојичиќ заради обидот за шверц на наркотични средства, го очекува казна затвор од осум години.

base_image