четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 4

Радован Караџиќ привремено ќе биде ослободен од Хаг

karadzic-hag

Поврзани вести

Првиот претседател на Република Српска Радован Караџиќ што е неправосилно осуден во Хаг би можел привремено да биде пуштен на слобода за да го посети гробот на неговиот помлад брат Иван и за да му одржи 40-дневен помен, изјавува адвокатот Горан Петронијевиќ, пренесува српски „Блиц“.

Петронијевиќ за руската телевизија „Цариград“ рекол дека сите гаранција од српските власти се веќе обезбедени.

И Република Српска до Хашкиот трибунал испратила документи што го гарантираат враќањето на Краџиќ во случај да му се овозможи одење во татковината, пренесува „Спутник“.

Инаку, Хашкиот трибунал на 24-ти март го обвини Караџиќ (70) на 40 години затвор.

Тој по ова побара од судскиот менаџмент во Хаг дополнителни 90 дена за поднесување жалба на пресудата поради „неадекватните ресурси што се на располагање на тимот на одбраната, па не е возможно до утврдениот рок да се поднесе смислена жалба“.

Најчитани вести