Радовановиќ: Дали целта на Заев е „украинско сценарио“ ?

Како тоа Заев си замислил да го урива ВМРО-ДПМНЕ кое има најмалку 150 илјадници членови, а години наназад на избори освојува и ои 500 илјади гласа. Дали Заев не се сети дека поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ нема да стојат настрана додека некој насилно им ја зеде победата или токму тоа е идејата на „готвачите“ овде – да исценираат некакво „украинско сценарио“ за да може потоа некој да си прави што сака со така заслабена држава, како што сега се случува со Украина, прашува Ирена Радовановиќ во својата колумна во Дневник, во врска со случајот „Пуч“.

Таа пишува дека во тој случај нема да биде само прашање на лесно преименување на ова парче земја, туку ќе биде во прашање и самото опстојување на државата. Или, како што посочува таа, можеби тоа е целта на целата акција – или ние на власт или државата ќе ја снема.

-За го постигне тоа Заев, заедно со Верушевски, и со некоја си „странска служба“ си дозволиле прислушување на државниот врв и на голем број граѓани. Значи, си дозволиле да „влезат во нечии спални соби“ само за да наслушнат нешто што може да им користи во нивната агнедна, пишува Радовановиќ во колумната.

Во истата се наведува дека по обелоденувањето на случајот започнаа да се поклопуваат работите почнувајќи од тоа дека Заев во неколку наврати пеш ја поминувал македонско-грчката граница,па седењето надвор од Собрание, пораките на Заев и Мендух Тачи во кои велеше дека има поддршка од „повисоките од надвор“, па се до излегувањето на виделина дека Заев имал тајни средби со Груевски, на кои лидерот на опозоцијата барал техничка влада, а кои истиот ги демантираше.

Сега, како што се наведува во колуманта, станува јасно дека „бомбите“ на Заев му служеле за уцена, за да може да му се исполни барањето за техничка влада. Но изгледа Заев не се сетил дека ако уценува премиер тоа ќе биде јавно.

Се поставува и прашањето кога заев ја говори вистината, бидејќи откако беше разоткриен велеше дека амтеријалите ги добил од загрижени граѓани, но потоа излезе на виделина дека го уценува премиерот со метеријали од странски служби, па птотао повторно го враќа првиниот став за „загрижени граѓани“.

Како што се наведува во колуманта,  Заев изгледа заборава дека се работи за државата, за загриженоста на граѓаните и за нејзината иднина со која во нивно име некој си Заев решил да се поигрува.