понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

Радовиш ќе добие атрактивна населба од 400 парцели

Градоначалникот Сашко Николов денеска имаше средба со директорот на катастарот и со директорот на Управата за имотно-правни работи кои беа во официјална работна посета. На ова средба беше разговарано за најновиот проект на Владата на Република Македонија ,,Купи куќа за млади,, како и за решавање на долгогодишниот проблем со објектот на Стоковната куќа.

radovish-sashko

Поврзани вести

Градоначалникот Сашко Николов денеска имаше средба со директорот на катастарот и со директорот на Управата за имотно-правни работи кои беа во официјална работна посета. На ова средба беше разговарано за најновиот проект на Владата на Република Македонија ,,Купи куќа за млади,, како и за решавање на долгогодишниот проблем со објектот на Стоковната куќа.

Градоначалникот Николов изјави: ,,Радовиш ќе добие атрактивна населба со површина од околу 16 хектари, после Чам Баир, предлогот деновиве ќе биде доставен до Министерството за транспорт и врски, очекувам да почне постапката за урбанизација и до крајот на годината ќе започнеме со продажба на локации за градба.

Граѓаните веќе се запознаени дека Владата ќе ја гради целокупната инфраструктура на оваа современа населба која ќе биде во функција на младите од нашиот град.,, (Улици, одвод-довод и останато) ќе биде финансирано од Владата на Република Македонија, а плацевите ќе се продавата за по 1 евро/м2.

Конечно и Стоковната куќа во Радовиш ќе добие нов лик

Директорот на управата за имотно-правни работи рече дека средбата со градоначалникот ја искористува за да ја соопшти веста за продажба на објектот на Стоковната куќа во Радовиш и за десетина дена ќе има оглас и истиот објект ќе биде ставен на продажба бидејќи се решени сите правни работи.

Радовиш ќе добие атрактивна населба од 400 парцели

Радовиш ќе добие атрактивна населба од 400 парцели

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности рече дека веќе осма година по ред се организираат отворени денови со катастарот, овие отворени денови се со цел граѓаните да можат да остварат средби со стручните тимови на катастарот и полесно да дојдат до решение на нивните проблеми во оваа област. Одделението за катастар на недвижности Радовиш има решено 27 127  предмети. Истотака ова одделение активно работеше и на запишување на бесправно изградените објекти и тоа запишани се вкупно 2 537. Агенцијата за катастар на недвижности до сега за Радовиш има изработено 51 бесплатни геодетски елаборати. Инаку рокот за легализација на бесправно изградените објекти завршува заклучно со 31 март 2016 година.

Од 29.12.2015 год. Агенцијата за катастар на недвижности го промовираше дистрибутивниот геопортал на АКН кој има за цел да го олесни и подобри пристапот и користењето на податоците од катастарот за недвижности, геодетските податоци, картографските податоци и податоците од регистарот на просторни единици за овие податоци за да се скрати времето на доставување на податоците до корисниците. Овој систем е наменет за сите граѓани на Р.Македонија и за сите граѓани надвор од границите на Македонија.

Од оваа година Агенцијата за катастар на недвижности отворените денови ги организира заедно со Управата за имотно правни работи се со цел граѓаните веднаш на едно место да ги решат имотно правните работи или да добијаат соодветен правен совет околу потребната документација.

Граѓаните денес го посетуваа одделението на катастарот во Радовиш, се информираа за нивните имоти, но и даваа идеи и предлози за подобрување на функционалноста на катастарот и управата за имотно правни работи.

Најчитани вести