Радовиш преку Вардар Јуниор стигна до првата победа во Супер лигата

Одиграни натпревари од Супер лигата во ракомет

Во максимално неизвесен и изедначен дуел, домаќинот славеше минимална победа против Вардар Јуниор со 24:23. Радовиш имаше комотно водство од 24:21, но со само неколку лоши потези гостите стигнаа на само чекор од израмнување, кое за среќа на радовишани, не се случи.

Миле Ордев и Ивица Илиев беа предводници на Радовиш, првиот со девет, вториот со соум гола. Кај Вардар Јуниор, Владо Недановски беше најефикасен со пет погодоци.

Второто коло во Супер лигата ќе заврши денеска со натпреварот меѓу Металург и Работнички во 18 часот.

Резултати, Супер лига 2 коло:

Радовиш – Вардар Јуниор 24:23

Металург 2 – Охрид 20:29

Пелистер – Пролет 30:21

Борец – Прилеп 25:20

Металург – Работнички денеска 18:00